Од СДСМ и ЛДП се изјаснија дека ова е дел од стандардниот политички циркус на ВМРО-ДПМНЕ со цел дефокус од реалните проблеми!

Објавил: Перо Милчин | 30 мај, 2022 9:38

ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за Џафери

Фото/Текст извор: ©360/магазин.мк

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека власта, предводена од СДСМ ќе гласаат за оваа интерпелација!

Од СДСМ и ЛДП се изјаснија дека ова е дел од стандардниот политички циркус на ВМРО-ДПМНЕ со цел дефокус од реалните проблеми!

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ќе ја поднесат интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери.

„Откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење. Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘Обнова на Македонија’ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозиционите пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење“, најави вчера Дафина Стојаноска.

Според Стојаноска, Џафери и претходно постапи несовесно, откако во јавноста се слушна неговата комуникација со вработени о Собранието, што според ВМРО-ДПМНЕ изврши најтешка повреда на „Кодексот за етичко однесување на пратениците во Собранието, односно го прекрши членот 14 од Кодексот, со кој е уредено што се подразбира под тешка повреда на овој кодекс.

Стојаноска на вчерашната прес-конференција потсети кои се забелешки ги има опозицијата на работата на Џарефи што е причина за интерпепацијата.

„Неразгледување на интерпелации поднесени за работа на носители на јавни функции, предложени од опозицијата. Интерпелациите само се оставени на дневен ред на одредена седница и никогаш тие точки не се разгледуваат. Интерпелациите за тогашниот вицепремиер Љупчо Николовски и министерот Бојан Маричиќ станаа беспредметни, бидејќи тие сега извршуваат сосема други функции; Неразгледување и непродолжување на пленарни седници, на кои се останати информации предложени од опозициските пратеници; Ненавремено доставување на материјал до пратениците; Спротивно на Деловникот и без образложение, отфрлање на амандмани поднесени од пратеници на опозицијата; Одземање на право на говор на пратеник, како што беше случајот со утврдување на дневниот ред на 71-та Седница на Собранието; Разрешување и избор на член на работно тело на Седница на Собранието, без претходно да има одлука која треба претходно да е усвоена на матичното работно тело; Неупотреба на македонскиот јазик во излагањето на Талат Џафери пред Комитетот на министрите на Европскиот парламент, како единствен службен јазик во меѓународните односи на Република Македонија“, рече Стојаноска.

Од ВМРО-ДПМНЕ очекуваат дека власта, предводена од СДСМ ќе гласаат за оваа интерпелација.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески претходно во изјава за „Локално“ истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ намерно прават скандали со намера да предизвика инцидент.

„Намерата на пратениците од опозицијата е за секоја точка од дневниот ред сите да се пријавуваат за говор за да го одолговлекуваат времето. Но, вчера очигледно им падна енергијата, многу од нив не беа присутни во сала кога се отвори точката и видно нервозни за ситуацијата почнаа да пријавуваат пратеници за збор кои не беа присутни во моментот. Затоа, заради пребројувањето и читањето на пријавените како и секој пат досега во вакви ситуации се затвараат вратите за да нема влегување и излегување од сала. Вакви ситуации имало стотици во работата на Собранието, но нервозната опозиција прави скандал од се со намера да предизвика инцидент“, вели Митрески.

Претходно и ЛДП соопштија дека нема да ја поддржат интерпелација бидејќи сметаат дека ова е дел од стандардниот политички циркус на ВМРО-ДПМНЕ со цел дефокус од реалните проблеми.

По тензиите во Собранието, и најавата на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе интерпелација на претседателот на Собранието, од кабинетот на Џафери истакнаа дека собранискиот спикер во ниту еден момент од вчерашната седница не го прекршил Деловникот.

„Сосема е јасно дека претседателот на Собранието во ниту еден момент не го прекрши Деловникот во текот на вчерашното продолжение на 71. седница, туку дека тоа, како и илјадници пати досега, го направи опозицијата, со своето недолично однесување, со цел да создаде хаос во законодавниот дом, служејќи се со слични методи како и на 27 април 2017 година“, рекоа од кабинетот на Џафери.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.