„Антикорупциска утврди дека иако во Правилникот на ЕЛЕМ се барало од нововработените да имаат двегодишно работно искуство, овој услов го немало во огласот на кој се пријавил синот на пратеничката.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 април, 2019 18:07

Во ЕЛЕМ измислиле работно место за синот на пратеничката „Мира дизел“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото: Нетпрес

Антикорупциската комисија откри дека кај шест од вкупно 18 случаи на вработувањапостои сомнение дека бил отворен оглас за работа за непосоечко работно место.

Како што објави тв НОВА, Антикорупциска утврдила вработување на блиски роднини на функционери со местење на критериумите во огласите за кандидатот што требало да биде вработен. Еден од нив е токму синот на пратеничката Мира Стојчевска, за кој случај се крена голема галама во јавноста. Виктор бил вработен во ЕЛЕМ, по избор од три кандидати кои се пријавиле, и наводно тој поседувал најсоодветно образование за отвореното работно место..

„Антикорупциска утврди дека иако во Правилникот на ЕЛЕМ се барало од нововработените да имаат двегодишно работно искуство, овој услов го немало во огласот на кој се пријавил синот на пратеничката.

Симбол на непотизам на актуелната власт стана пратеничката Мира Стојчевска Дизел по веста дека ги вработи синот и братот, а го унапреди сопругот. Ваквите случаи не останаа незабележани и од меѓународната заедница, а секојдневно опозицијата открива нови случаи на непотизам од актуелната власт.

Исто така, во систематизацијата на ЕЛЕМ не постоело работното место на кое бил вработен Стојчевски, а директорот го искористил своето дискреционо право да го вработи.

За овој случај, Антикорупциска одлучи да ја извести Владата која има ингеренции врз работењето на ЕЛЕМ, Надзорниот одбор на ЕЛЕМ и трудовиот Инспекторат“.

Во медиумите излезе и информација дека пратеничката Мира ги вработила и сопругот и братот но денеска од Антикорупциска се потврди дека братот и сопругот на Стојчевска, не бил вработени со нејзина помош, односно дека не се работи за непотизам. Братот на Стојчевска, не бил вработен во РЕК Битола, туку како бравар – кранист бил ангажиран само 20 дена од приватна фирма, за што никакво влијание немала неговата сестра. Сопругот на Стојчевска не бил унапреден на работното место, туку тој бил командир на шумска станица и претходно. По реакциите во јавноста побарал да биде сменет, но барањето не му е прифатено додека не се именува друг командир, објави ТВ НОВА.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести