Без проблем отворени сите гласачки места во Македонија, освен три во Прилеп каде доцнело гласањето поради отстранување пропаганден материјал

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 9:13

Во најголем дел од земјата навреме отворени гласачките места

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Точно во 7 часот почна гласањето на референдумот на којшто гласачите треба да се изјаснат на прашањето „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО, со прифаќање на договорот на Република Македонија и Република Грција?“ со заокружување „за“ или „против“.

Според ДИК, во најголем дел од земјата избирачките места се навреме отворени, освен на три места во Прилеп, каде гласањето почна со мало задоцнување поради отстранување на пропаганден материјал.

Гласањето досега се одвива непречено, и не се забележани инциденти.

Пртапаролот на ДИК, Љупка Гугучевска информираше и дека првата прес конференција со информации за излезноста до 9 часот утринава е закажана за 9:30 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...