Фабрика за месо е затвoрена во Тирана при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови

Објавил: Мирко Бачиќ | 15 август, 2018 7:57

Во Тирана затворена фабрика за месо од каде се одземени 528 кг. месни производи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Фабрика за месо е затвoрена во Тирана при што се запленети 528 килограми месни производи произведени во нехигиенски услови.

Во полициската акција насловена “Rotten meat” уапсен е жител на Косово јавија албански медиуми.

Уапсен е Арсим Чудрина [ 55 ] поради сомневање дека со своето возило тргувал со локални трговци и рестораните и  во Шенгѓин без фактури.

Запелентото месо било опасно по здравјето на потрошувачите.

Месото било користено за производство на брза храна продавана без фискални сметки – неприкажување профит и затајување данок наведува албанската полиција.

Косовецот ќе одговара за “прикривање приходи” – “произвоство и продажба на храна и други производи опасни по здравјето” – “нелегални вработувања” и “измама на пазарот”.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.