Ливерпул синоќа го победи Кристал Палас и се најде во групата на шест екипи со максимални шест бода по првите две рунди во Премиер лигата. Менаџерот на „црвените“ Јирген Клоп е задоволен од играта на своите избраници, но додаде дека во одредени моменти им требаше дополнителна мотивација.
Во одредени моменти играчите немаат доволно „гориво“ па добро е да слушнат од тренерот: Трчај или ќе те убијам! Тогаш тие ќе одговорат со фантастичен напад, вели Клоп.
Германскиот стручњак очекува тимот уште да го подигне нивото на играта.
Знам дека треба да играме многу подобро, но денес сум апсолутно среќен со она што го видов, истакна Клоп.
Ливерпул го победи Кристал Палас со 2:0 со головите на Милнер и Мане.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.