Екипата на Ливерпул во четвртото коло од Премиер лигата со резултат од 2:1 успеа да ја совлада екипата на Лестер.
Ова е четврта победа во низа за Ливерпул и со максимални 12 бода заслужено се најде на првото место на табелата во Премиер лигата.
Резултатот за гостите во 10тата минута го отвори Mане, а пред истекот на регуларниот дел во 45 минута на 2:0 зголеми Фирмињо. Домаќините во вториот дел од натпреварот успеаа да намалат на 2:1 со голот на Џежал во 63 минута, со што се покажа како и конечен резултат.
Инаку, денеска се играат уште неколку натпревари од 16ч и 18:30ч.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.