До сега се пронајдени телата на 300 загинати планинари во близина на планинскиот врв

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 март, 2019 17:48

Глобалното затоплување ги топи глечерите на Монт Еверест- се откриваат телата на планинарите кои загинале во минатото

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Планинарските друштва се загрижени поради големиот број на безживотни тела кои до сега се пронајдени на Монт Еверест. Имено до сега се пронајдени телата на 300 загинати планинари во близина на планинскиот врв, и тоа благодарение на глобалното затоплување кое доведе до топење на глечерите на Еверест.

Најмногу безживотни тела се пронајдени во Камп 4 поради рамниот терен

 

Повеќе од 4.800 планинари успеале да го совладаат највисокиот врв на светот Монт Еверест.

„Поради климатските промени, и глобалното затоплување, големата снежна покривка, глечерите, почнаа да се топат, а телата кои беа закопани во снегот со години, сега излегуваат на површина,рекол Анг Черинг Шерп, поранешниот претседател на планинарскиот сојуз од Непал.

Пред две години во Кампот 1 беше пронајдена рака на еден од загинатите планинари. Тогаш беа ангажирани професионални планинари како би го пронашле остатокот од телото. Истата година се појави уште едно тело на површината на снежната покривка на Кумба.

„Последните неколку години пронајдени се раце и нозе од повеќе загинати планинари”. Планинарите до сега успеале да ги извлечат од снегот телата на загинатите планинари во изминатите години, но за жал телата на оние кои ги изгубија животите многу порано сè уште се закопани во снегот.Приметивме дека нивото на мразот се намалува и затоа телата почнаа да излегуваат на површина”, изјавил Дамбар Парахули, претседател на Здружение на планинари во Непал”.

Неколку истражувања покажале дека глечерите во овој регион се топат со голема брзина. Со истражувањето во 2015 година било откриено дека под сантата мраз на Кумба се наоѓаат две споени езера.

Уште една експедиција се занимава со овој проблем. Истражувачи од британскиот универзитет Лидс и Аберствит минатата година забележаа дека мразот се топи побрзо од очекуваното.

Забележана е минимална температура од −3.3C.

Телата кои се пронајдени на повисоките делови на Еверест, им служеле на планинарите како знаци за ориентација. Еден од нив е и точката „зелена чизма“ која се наоѓа во близина на врвот.

Зелените чизми на планинарот кој загинал на тоа место им покажуваат на останатите планинари по која патека треба да продолжат.

Стручните лица велат дека откопувањето и пренесувањето на телата на загинатите планинари е тежок процес и потребни се од 40.000 до 80.000 долари за да успее оваа акција.

„Еден од најтешките предизвици, беше на висина од 8700.метри. Телото било смрзнато и тежело 150 килограми и беше пронајдено на непристапно место.

Кога планинарите ќе пронајдат мртво тело, се прашуваат што да прават со него.

„Тоа е лична одлука, повеќето од планинарите велат доколку некој погинал на планина, таму и треба да остане, па пренесувањето на телата некој би го протолкувал како непочитување на мртвите вели Анг Черинг Шерп, поранешниот претседател на планинарскиот сојуз од Непал.

Извор:Данас.рс

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести