понеделник, 6 мај 2024

MK/ EN/ DE



Според правилата по кои се водат планинарите, вообичаено тие пред да се искачат на врвот, преспиваат во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ од каде што во раните утрински часови, се упатуваат кон врвот. Но, несреќата се случила вечерта пред домот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 15 септември, 2019 22:53

Падна во несвест и се тркалаше околу 10 метри- сведоштво за починатиот планинар од Скопје

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Трагедија ја потресе Македонија откако вчера почина Мефали Гури, планинарот кој заедно со уште осум други планинари од планинарското друштво „Шкупи“ заминале на Олимп, за да го искачат врвот Митикас.

Олимп се наоѓа се во јужниот дел на Балканскиот Полуостров крај брегот на Егејско море, оддалечена на околу 100 км југозападно од Солун. Олимп изнесува околу 600 км2. Од исток на запад планината има должина 25 км, а од север на југ 28 км. Ги дели рамнините на Пиерија (Егејска Македонија) и Тесалија. Исто така и административно денес планината е поделена меѓу покраините Тесалија и Централна Македонија, околија Пиерија.

Според правилата по кои се водат планинарите, вообичаено тие пред да се искачат на врвот, преспиваат во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ од каде што во раните утрински часови, се упатуваат кон врвот. Но, несреќата се случила вечерта пред домот.

„Вчера дел од членките отпатувавме за Грција за да се искачиме на планината Олимп. Околу 20 часот бевме на 50 метри од планинарскиот дом. Во еден момент нашиот член и брат Мефали застана, се наведна над стапчињата и падна во несвест, тркалајќи се околу 10 метри. Истрчавме за да дадеме прва помош во рок од две минути, а пристигнаа и планинските служби за да дадат прва помош. Го дадоа својот максиумум. Со електричен удар се обидоа да го вратат во живот. Во планинарскиот дом требаше да ја поминеме вечерта и следниот ден да продолжиме да го искачуваме Митикас на Олимп. Го откажавме искачувањето и рано наутро се упативме кон градот Литихоро, каде што во моментов ги извршуваме потребните процедури за починатиот“, напиша претеседателот на друштвото Јашар Хирда на неговиот фејсбук-профил.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.