Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.

Објавил: Рејхан Бајрами | 15 септември, 2019 10:29

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Македонски планинар загина на Олимп!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Планинар од Македонија го загуби животот на планината Олимп во Грција, откако паднал во провалија, веројатно затоа што претходно му се слошило.

Според информациите на дописничката на МИА од Атина, станува збор за група од околу девет лица од нашата земја, кои планинареле на Олимп, на мажот или му се слошило или добил срцев удар по што паднал во провалија, а обдукцијата дополнително ќе ги утврди точните причини за смртта.
Телото од провалијата, најверојатно го извлекле планинарите кои биле заедно со него.

Олимп се наоѓа во јужниот дел на Балканскиот Полуостров крај брегот на Егејско море, оддалечена на околу 100 км југозападно од Солун. Олимп изнесува околу 600 км2. Од исток на запад планината има должина 25 км, а од север на југ 28 км. Ги дели рамнините на Пиерија (Егејска Македонија) и Тесалија. 

Во пренесувањето на телото од местото на несреќата во планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“, што се наоѓа на надморска височина од 2.100 метри интервенирале 14 пожарникари припадници и на специјалната спасувачка единица и на противпожарната служба од Литохоро.

Олимп е планина што се наоѓа во Грција помеѓу Егејска Македонија и Тесалија, лоцирана неколку километри западно од Солунскиот залив.

Таа е највисоката планина во Грција (2917 м), во етничка Македонија и втора на Балканскиот полуостров по Рила (2925 м).

Често се нарекува и Дом на боговите. Уште од најстаро време Олимп бил граница меѓу Македонците и Грците. Планината има доста посетители. Во зимскиот период, температурата се движи од -17 до -5 °C, а лете од -2 до 3 °C. По падините на планината е развиено и сточарството. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. 32 годишната О. Б е хоспитализирана и е надвор од животна опасност.

Страшна вест ја потресе Македонија: Обид за убиство и самоубиство во Свети Николе

Четириесет и три годишниот Т. А од Свети Николе утрово извршил самоубиство, откако...

Девојче на возраст од 11 години загина во тешка сообраќајна несреќа што ноќеска се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес.

Мајка и ќерка прегазени на пешачки во Велес – детето загина

Од силниот удар, 11-годишното девојче било исфрлено речиси до следниот пешачки премин...

Само автомобилот бил извлечен од водата, додека пак внатре немало никој.

Потоа продолжија претресите во кои покрај надлежните органи беа вклучени и членови на семејствата и жители на околината.

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец

Пронајдено машко тело во Вардар – се сомнева дека е на 22-годишниот кумановец! Тело...