На гаѓањето присуствуваа министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на Војска Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.

Објавил: Перо Милчин | 27 октомври, 2019 19:58

ГОРИ НЕБОТО НАД СРБИЈА: Погледнете како моќниот Панцир S1 покажа како ќе ја брани Србија од непријателите(ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На Војниот комплекс “Пасулјанска ливада” вчера беше одржано бројно гаѓање на борбените средства на системот Панцир S1.

На гаѓањето присуствуваа министерот за одбрана Александар Вулин и началникот на Генералштабот на Војска Србија, генерал Милан Мојсиловиќ.

Најмоќниот ракетен систем на светот рускиот S-400, како и ПВО комплекс „панцир S“, пред два дена прстигнаа во Србија, а ова е првпат системот С-400 да пристигне на Западен Балкан, јавуваат српските медиуми.

Вулин после успешното извршеното гаѓање, рече дека благодарение на договорот измеѓу претседателот Путин и Александар Вучиќ, Војската на Србија денеска е многу по јака и по опремена.

Благодарение на спроведувањето на војно техничкиот споразум, но и благодарение на огромниот напор и министерот Шојгуа и секој припадник на нашата војска кои бил на обука за употребата на системот на Панцир S1, можеме да кажеме дека сме сигурни и безбедни, рече Вулин, додавајќи дека се работи за оружје кое гарантира долгорочен мир и дека Панцир S1, сега ќе постане дел од наооружувањето на Војската на Србија.

Раководителот на вежбата Словенски штит 2019 командантот на 250 ракетната бригада за противвоздухопловни дејства РВ И ПВО бригандни генерал Тиослав Јанковиќ, рече дека припадниците на единицата и колегите од Воздушната космичка снага на Руската Федерација заедно и успешно изведуваат моќни вежби.

„Панцир S“ се смета за еден од најмоќните ПВО системи на планетите.
Системот може да погоди цели на оддалеченост и до 250 километри, при висина на гаѓање на целта до 27 километри.

Брзината со која системот ја гаѓа целта е до 4.800 метри во секунди, а истовремено може да испали и шест ракети и да регистрира мети на оддалеченост од дури 600 километри.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.