Вардар денеска успеа да го совлада Вестпрем со 27: 24 и со тоа по втор пат се закити со шампионската титула. 

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 јуни, 2019 21:26

Груевски до Вардар: Покажавте како со ,,жар и срце,, може да се успее

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Цела Македонија е на нозе по победата на ВАРДАР. По втор пат македонскиот ракометен клуб ја освои европа. Вардар и денеска покажа како се сака Македонија и како се прави горд македонскиот народ. 

Поранешниот премиер упати честитки за Вардар

Сите горди на својот шампион упатија честитки за победата, а кон честитките за освоеното прво место се придружи и поранешниот премиер Никола Груевски кој на својот Фејсбук профил напиша дека одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава.

Браво Вардар! Честито шампиони!

Браво за играчите, за спонзорот, за стручниот тим и за сите враборени во клубот!
Честитки за огнената публика која ги бодреше!

Одамна македонскиот народ немал можност за колективна радост и прослава.

Непријатни мигови за оние кои посакуваат распад на клубот а сега мораат да честитаат.

Вардар уште еднаш покажа како со многу работа, труд, посветеност, самодоверба, професионален и одговорен пристап, но и со ,,жар и срце,, може да се успее и да се биде најдобар!

Нека продолжат успесите! напиша Груевски.

Инаку Вардар денеска успеа да го совлада Вестпрем со 27: 24 и со тоа по втор пат се закити со шампионската титула. Вардар е новиот европски првак на јубилејното десетто издание на Лигата на шампионите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.