Наодите на магазин.мк дека Заев преку СЈО и ОЈО ке извршат притисок врз пратениците Никола Груевски и Трајко Вељаноски за настаните во Собранието, стануваат извесна реалност

Објавил: Мартин Попоски | 1 ноември, 2018 7:30

Груевски на распит, Трајко Вељаноски обвинет за настаните во Собранието?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Јавната обвинителка, Вилма Русковска, ги потврди информациите кои ги пренесовме, дека ќе го зголеми бројот на обвинети за настаните со Собранието на Македонија од минатата година.

Русковска истакна дека во основа на никој не му се суди за тероризам.

Според неа амнестија е можна но тешко дека таа би се постигнала.

Поднесениот предлог закон не влијае на текот на судскиот процес. Амнестијата е исклучиво политичка одлука, судот само го спроведува донесениот закон. Националното помирување не го сфаќам како амнестија и не сум го спомнала во поинаков контекс. – кажа обвинителката Вилма Русковска.

Русковска децидна дека никој не е обвинет за тероризам.

Никој во предметот за 27-ми април не е обвинет за тероризам. Делата за кои се товарат се разликуваат, ова не е потешко дело од тероризам. Никаде во обвинителниот акт не е споменат зборот тероризам или терористички акт. – истакна Русковска.

Ги потврди наодите на магазин.мк дека Груевски би бил иден сведок за распит а Трајко Вељаноски обвинет.

Можеби некогаш ќе биде повикан како сведок Никола Груевски.Сега за сега ценев дека не треба. Ако има поврзаност на Вељаноски со насилствата тогаш тој ќе биде обвинет. – појасни таа.

Според обвинителката Русковска тие знаа кој бил реализаторот но не и организаторот, воедно потврди дека знаат каде точно бил Чавков во моментот на случувањата.

Не сме направиле ништо ако не стигнеме до организаторите и не ги обвинимe. Во моментов нема доволно материјални или вербални докази за организаторите. Затоа водам предистражна постапка

Имаме докази со кои се потврдува улогата на Митревски и Василевски. „Кољо“ и „Нинџа“ имаат клучна улога. Фактот што самите се пријавија во полиција, по осум месеци бегство, не ја намалува нивната вина. Базните станици покажуваат каде бил Чавков за време на упадот во Собранието. – истакна Рускоска.

Заев преку ОЈО испрати “порака” до Вељаноски?

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.