Поранешниот претседател на Собранието на Македонија, за време на 27 април беше актуелен претседавач на законодавниот дом, но очигледно Заев и СЈО не штедат "муниција"

Објавил: Мирко Бачиќ | 26 октомври, 2018 14:46

Заев преку ОЈО испрати “порака” до Вељаноски?

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Она што го говореше поранешниот министер за надворешни работи, актуелен пратеник, Антонијо Милошоски, за оргестриран притисок од СЈО и ОЈО во име на Заев, од ден во ден се повеќе излегува на виделина.

Имено на последното рочиште за инцидентот во Собранието на Македонија од 27 април минатата година, се гледаа снимки на кои сензационалистички се прикажа како дел од обвинетите влегуваат и излегуваат од канцеларијата на поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски.

Вељаноски во ниту еден момент не е осомничен ниту обвинет за настанот, но провладините медиуми, овие снимки ги искористија во полза на вршење притисок кон актуелниот пратеник кој застана цврсто против уставните измени.

Она што го лиферуваат како информација од СДСМ е дека на овој начин Заев сакал да испрати порака до Вељаноски кој втор, по Милошоски јавно изрази поддршка за претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Провладините медиуми пишуваат како собраниското обезбедување влегува и излегува од кабинетот на Вељаноски, а со нив е и обвинетата Елена Божиновска а по неа во кабинетот влегуваат и по кратко излегуваат и дел од обвинетите кои носат фантом маски.

Според досегашните иформации, Вељаноски за време на упадот, од функцијата претседавач со Собранието на Македонија бил засолнет во неговиот кабинет.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести