Бред Пит и Ангелина Џоли имале таен состанок кај неа дома, но според изворите највероватно се работи за решавање на проблемите околу разводот.

Објавил: Македонка Димкин | 22 септември, 2018 0:16

Дали е на повидок смирување на холивудската двојка???

Фото/Текст извор: ©ubavina&zdravje

Некогашниот омилен холивудски пар, Бред Пит и Анџелина Џоли соопштиле дека се разведуваат во 2016 година, но нивната битка за старателство на шесте деца уште трае.

Тие сега имале таен состанок дома на кој инсистирала актерката, а повод било токму старателството.

Иако не е познато кому ќе му припаднат шесте деца, според моменталниот договор, Бред добил право да поминува повеќе време со своите деца Медокс, Пакс, Захара и близнаците Нокс и Вивиен.

Според извор близок на парот, актерот ги гледа децата секој втор ден, со нив може да помине четири часа во текот на работната недела и 12 за време на викенд.

Наводно, Бред се бори за заедничко старателство на децата, додека Анџелина инсистира на целосно старателство.

Актерот продолжува да работи на себе и да биде добар родител.

Веруваше во процесот цела година. Се надеваше дека ќе имаат заедничко старателство на децата. Сѐ што сака Бред е да биде татко и заедно со Анџелина да се грижат за децата“, изјавил изворот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.