Сопственичката на Еуролинг осигурување на својата роденденска прослва стави акцент на хуманоста.

Објавил: Весна Петровска | 17 септември, 2019 15:27

ДАМА ОД МИЛИОН ДОЛАРИ: Поранешната сопруга на Орце Камчев ТОП тема во медиумите!

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Поранешната сопруга на Јордан Камчев и ќерката на бизнисменот Трифун Косотовски е во центарот на вниманието. Олга Костова на необичен начин го прослави својот 45. роденден.

Сопственичката на Еуролинг осигурување на својата роденденска прослава стави акцент на хуманоста. Ова не е прв пат првата жена на Еуролинг осигурување да ја покаже својата големина и хумана страна. Таа на своите пријатели им соопштила дека својот ден сака да го направи уште поубав и покорисен.

Нејзините пријатели донирале средства за реконструкција на скалите и платото на Музеј на современа уметност Скопје, и се собрала сумата од околу 600.000 денари. Од музејот јавно и се заблагодарија, порачувајќи дека таа продолжува да докажува како на градот конкретно може да му се помогне да си ја врати самодовербата.

Олга Камчева е успешна бизнис жена и несебично е дел од сите хумани настани

-Големо благодарам Олга Костовска од Музејот на современата уметност – Скопје! Олга Костовска продолжува да докажува дека на Градот може конкретно да му се помогне, да си ја поврати самодовербата. Ние сме среќни што г-ѓа Костовска во Музејот и неговиот тим препозна можност да се обноват нашите места на собирање. МСУ Скопје е објект со квалитети поради кои заслужува да биде негуван како културно наследство, светско културно наследство. Средствата на Олга Костовска и пријателите ќе ни овозможат да ја започнеме неопходната консолидација на ова, од многумина прогласено, ремек дело на доцната модерна архитектура.

Големо Благодарам Олга, од Музејот и од секој од нас поединечно! Големо благодарам и за пријателите! Нашето партнерство (и пријателство) дава (и ќе дава и во иднина) конкретни резултати, порачаа од Музеј на современа уметност Скопје.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.