Над 3 отсто од граѓаните досега го искористиле правото на глас на локалните избори, покажуваат податоците на сајтот на Државната изборна комисија. Според ДИК, до 9 часот гласале близу 12 000 гласачи, а обработени се над 20 отсто од гласовите.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 октомври, 2021 9:43

Даштевски: До 9.30 часот гласале 3,28% од гласачите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Државната изборна комисија ја одржува првата прес конференција за локалните избори.

Над 3 отсто од граѓаните досега го искористиле правото на глас на локалните избори, покажуваат податоците на сајтот на Државната изборна комисија.

Според ДИК, до 9 часот гласале близу 12 000 гласачи, а обработени се над 20 отсто од гласовите.

Граѓаните денеска гласаат на локалните избори на кои се бираат градоначалници и советници во 80 општини и Град Скопје.

Гласањето започнува во седум часот, а ќе заврши во 19 часот, кога почнува броењето на гласовите.

Се гласа на 3 480 гласачки места, на кои според Избирачкиот список 1 824 864 граѓани ќе може да си го остварат своето право на глас. Граѓаните ќе бираат меѓу 299 кандидати за градоначалник и 572 кандидатски листи за членови на општинските совети!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести