Тони Ангеловски портпаролот на Министерството за внатрешни работи, нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.

Објавил: Перо Милчин | 23 јуни, 2019 16:21

Дел од министрите и пратениците на чело на Парадата на гордоста!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Како што соопштија Прајд активисти од организацискиот одбор на денешната прес конференцијата, дел од министрите и пратениците ќе ја поддржат Скопје Прајд Парадата и ќе учествуваат во самиот настан.

Антонио Михајлов од организацискиот одбор рече дека Скопје Прајд е сигурен и безбеден настан за сите, па ги повикува ЛГБТИ луѓето, поддржувачите, и сите граѓани и граѓанки кои се залагаат за еднаквост и инклузивност, да се придружат.“ 

Тони Ангеловски портпаролот на Министерството за внатрешни работи, нагласи дека се преземаат сите мерки за сè да помине во најдобар ред и дека МВР ќе санкционира какви било инциденти.

Првата парада на гордоста ќе се одржи на 29 јуни во центарот на Скопје, најави денеска Националната мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.

Од Здружението ЛГБТ Јунајтед Тетово, соопштија дека не ја подржуваат Парадата на гордоста .

„Целото членство и поддржувачи насочија дека не ја поддржуват Парадата на Гордоста во Скопје, потенцирајќи дека проблемите и предизвиците на ЛГБТИ Заедницата се од друг карактер и дека Парадата само ќе предизвика поголема омраза кај генералната популација. Да потенцираме дека нашето членство и конституенти се припадници од сите националности во Северна Македонија, кои воглавно живеат надвор од главниот град каде што нивните предизвици и проблеми се многу поразлични од тие во главниот град, “се вели во нивното соопштение.

Активистот Антонио Михајлов изјави дека Парада на гордоста е протест во кој ЛГБТИ луѓето бараат афирмација, заштита и поддршка на човековите права од страна на државните институции и сите граѓани, активисти, културни и уметнички работници кои имаат прогресивни ставови и вредности, и кои покажуваат солидарност и поддршка на оваа борба.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.