Стратешкото партнерство со САД е од особена клучна важност за нас и како партнери и како сојузници во НАТО, рамо до рамо, одговараме на современите предизвици и делиме исти демократски вредности кои овозможуваат мир, стабилност и развој.

Објавил: Перо Милчин | 22 декември, 2020 20:50

Денес славиме 25 години дипломатски односи со САД

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Денес кога славиме 25 години дипломатски односи со САД, нема подобар начин од тоа да се одбележи со промовирање на поштенска марка која го симболизира овој важен јубилеј. 

Стратешкото партнерство со САД е од особена клучна важност за нас и како партнери и како сојузници во НАТО, рамо до рамо, одговараме на современите предизвици и делиме исти демократски вредности кои овозможуваат мир, стабилност и развој.

Република Македонија и Соединетите Американски Држави имаат исклучиво добри билатерални односи од кога Македонија ја прогласи својата независност во 1991 година. САД формално ја признаа Македонија на 8 февруари 1994, а на 13 септември 1995, двете држави воспоставија комплентни дипломатски односи на ниво на амбасади.

Првиот амбасадор на САД во Македонија пристигна во Јули 1996година.

Македонско-американските врски и односи, започнуваат како трговски во 1776 г. Првата политичка активност СAД ја преземаат на Цариградската конференција (1876/1877) како предлог за автономија на Македонија.

Прв индиректен контакт со македонското националноослободително движење воспоставуваат по повод киднапирањето на протестантската мисионерка Елен Марија Стон(Ellen Maria Stone), заедно со Kатерина Стефанова–Цилка (септември 1901 – март 1902).

СAД не се ангажираат во настаните поврзани со Илинденското востание, ниту во спроведувањето на реформите, но ја поддржуваат британската политика во интерес на Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.