Претседателот на ДИК Деркоски со одговор дека откако ќе ги преслуша разговорите за кои е информиран ќе размисли и за евентуална оставка

Објавил: Мартин Попоски | 20 август, 2018 14:26

Дерковски: “Да ги чујам разговорите па да размислувам на тема оставка”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По објавата на аудио записот како Оливер Деркоски тогаш директор на Македонски железници – транспорт прима наредби од министерот Миле Јанакиески за изборите во 2011-та година во медиумите се огласи и самиот Деркоски сега актуелен претседател на Државната изборна комисија на Република Македонија.

“Не сум ги чул разговорите за да можам да ви одговорам дали размислувам за оставка. Тоа се само телефонски разговори кои засега не докажуваат ништо. Судската пoстапка уште трае.” – изјави медиумите претседателот на Државната изборна комисија [ ДИК ] Оливер Деркоски кој како што се слушна денеска во Кривичниот суд во “бомбите” за “Титаник” за изборни нерегуларности добива наредби од ексминистерот Миле Јанакиески да вади гласачи – роднини – пријатели и вработени во администрацијата за изборите во 2011-ta година да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ.

На потсетувањето дека прислушуваните разговори се прифатени како доказ од сите судски институции додал дека знае дека е така.

“Да. Докази се но не сум ги чул. Да ги чујам па да размислувам на тема оставка.” – изјави претседателот на ДИК која треба да го спроведе референдумот за името закажан на 30-ти септември.

Воедно за медиумите Деркоски изјави и дена не се сеќава дали ги извршил наредбите.

“Учествувам во избори уште од 1994-ta година и од секогаш сум соработувал со институциите. Јанакиески може да дава насоки но јас дали сум го направил тоа што тој го кажал е друго прашање – стварно не се сеќавам.” – рече Дерковски. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести