Реакции од родителите кои тврдат дека вработените импровизираат за нормални услови

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 август, 2018 15:05

Детската клиника остана без основни средства за хигиена – нема ни тоалетна хартија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Без антибактериски сапун – без медицински ракавици и други основни средства за хигиена функционира Детската клиника a родители чии деца се сместени на клиниката тврдат дека вработените буквално импровизираат со цел да обезбедат нормални услови за болните деца.

“Забележавме дека нема антибактериски сапун и ги прашавме докторите на клиниката дали да си донесеме од дома или ќе биде обезбеден. Ни рекоа дека е најдобро сами да си купиме бидејќи и тие се снаоѓале како знаат. Немаше дури ни тоалетна хартија па една од сестрите ни даде ролна која си ја носела од дома.

Запрепастени сме како една клиника која треба да се грижи за здравјето на децата ги нема основните средства за хигиена за да не се шират инфекции и зарази. Кога станува збор за болни деца најлесно е да се рашират инфекции кои дополнително би им го влошила здравјето.” – велат родители на дете кое е сместено на Детската клиника кои тврдат и дека често мораат сами да си набавуваат лекови бидејќи на клиниката ги нема потребните.

Родителите на две деца кои лежат на Детската клиника а со кои инсистираа да останат анонимни поради стравот дека нивните деца нема да ја добијат соодветната нега доколку јавно реагираат.

Освен овие секојдневни проблеми низ кои минуваат вработените и пациентите на Детската клиника, пред извесно време инцидент со опремата на клиниката сериозно го нарушил нејзиното функционирање и ги вознемирил сите кои биле сведоци на случката.

Според очевидци во текот на работното време на клиниката додека на интензивната нега биле сместени 15 бебиња настанал проблем со компресорската станица – од цевките почнало да тече валкана вода а во респираторите со кои се помага дишењето на бебињата – навлегла застоената вода – во која лесно се размножуваат бактерии.

Вработените од интензивната нега реагирале веднаш и ги отстраниле респираторите – но отворено останува прашањето зошто клиниката не била затворена веднаш – додека да се отстрани проблемот а наместо тоа продолжила да работи иако постои опасност инцидентот да се повтори поради контаминираност на цевките низ кои поминува воздухот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...