Обид за бесење на соученичка во школо во Перт, кое се фали со "воспитна, содржајна и безбедна средина" и има мото "љубов, заедништво и мир"

Објавил: Мирко Бачиќ | 4 септември, 2018 9:56

Деца монструми ја шокирале Австралија: Ја обесиле болната 10-годишна пријателка за дрво во училишниот двор

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Страшно детско насилство ја потресло Австралија откако група деца ја обесиле својата училишна пријателка Амбер Јун (10), која има вродена тешка срцева мана, за дрво во училишниот двор.

Овој страшен случај се случил во петокот во католичкото основно училиште “Queen of Apostles” во австралискиот град Перт. Станува збор за училиште кое се фали со “воспитна, содржајна и безбедна средина” и има мото “љубов, заедништво и мир”. 

Несреќното девојче веќе било во јажето кога ја забележал еден наставник, притрчал, го пресекол и го спасил девојчето во последен момент.

Мајката на Амбер, Белинда Јун, за медиумите раскажала дека насилството над нејзината ќерка можело да биде и кобно, бидејќи нејзината ќерка има вродена тешка срцева мана – дупка во срцето, поради што многу пати била во болница.

“Амбер секако има претрпено многу болки и ужасни ситуации, кои многу деца, за среќа, никогаш нема да ги доживеат”, вели Белинда и додава дека нејзината ќерка била и претходно малтретирана.

По ова бесење, девојчето ќе мора да оди на психијатар бидејќи пати од тешка анксиозност. Училиштето не се огласило, но австралиските медиуми јавуваат дека ниедно дете не е испрашано, ниту казнето поради овој страшен напад.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести