Почната е и обуката на избирачките одбори, ќе трае до 12 октомври, а секој кој смета дека не е доволно обучен, ќе може да се дообучи од 12 до 15 октомври.

Објавил: Рејхан Бајрами | 27 септември, 2021 16:33

ДИК доби пакет уреди за отпечатоци од прсти

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стигна третата пратка на апарати за отпечаток на прст. Претседателот на ДИК Александар Даштевски очекува дури и пред рок да бидат испорачани сите апарати.

Почната е и обуката на избирачките одбори, ќе трае до 12 октомври, а секој кој смета дека не е доволно обучен, ќе може да се дообучи од 12 до 15 октомври.

Според него процесот се одвива и побрзо од планираното, па очекува сите 4.000 уреди за фингерпринтови да се комплетираат и пред рокот – 11 октомври.

Паралелно се одвиваат и обуките за користење на апаратите. 130 обучувачи меѓу кои и германски експерти ги обучуваат членовите на избирачките одбори за да нема технички проблеми на денот на изборите. секој терминал ќе биде распореден за посебно избирачко место во земјава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести