Државната изборна комисија на третата прес конференција на половина од гласачкиот процес соопшти дека излезноста на референдумот до 13 часот е 16 проценти.
Овој процент е добиен според информациите од скоро 90 проценти од избирачките места.
Компаративно со излезеноста во 2017 година на локалните избори и 2016 година на предвремените парламентарни избори ова е ниска излезеност.
Имено во 2017 година на локалните избори во 13 часот излезеноста на електоратот била 27.30% а за предвремените парламентарни избори во 2016 година излезеноста во 13 часот била 34.43%.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.