Државната изборна комисија ја објави излезеноста на тековното референдумско гласање, заклучно со 9 часот, при што едивентна е ниската излезеност на електоратот

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 9:44

ДИК: Излезноста до 9 часот е 2.45 проценти

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Државната изборна комисија на првата прес конференција утринава соопшти дека излезноста на референдумот до 9 часот е 2.45 проценти.

Овој процент е добиен според информациите од 71.53 проценти од избирачките места.

Компаративно со излезеноста во 2017 година на локалните избори и 2016 година на предвремените парламентарни избори ова е ниска излезеност.

Имено во 2017 година на локалните избори во 9 часот излезеноста на електоратот била 8.91% а за предвремените парламентарни избори во 2016 година излезеноста во 9 часот била 9.49%.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...