Државната изборна комисија на Македонија нема да ги толкува резултатите од денешниот референдум затоа што тој е консултативен, само ќе објави статистички факти и податоци

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 11:04

ДИК нема да објави успешен или неуспешен референдум

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Државната изборна комисија нема да го оцени како успешен или неуспешен денешниот референдум.

Како по Закон за референдум тој е од консултативен карактер, Државната изборна комисија нема право да ги толкува резултатите по основ на успешност или не.

Околу полноќ се очекува Државната изборна комисија само да ја објави првичната неофицијална бројка на граѓани кои гласале, колку од нив се изјасниле со “за” а колку со “против” на референдумското прашање, како и колку од гласачките ливчиња се неважечки.

Согласно Законот за референдум Државната изборна комисија нема да навлегува во успешност или не на референдумот затоа што тој е од консултативен карактер.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...