Според првичните извештаи од Државната изборна комисија, во првите 4 часа или 1/3 од гласачкото време, правото на глас го оствариле едвај 8% од граѓаните

Објавил: Мартин Попоски | 30 септември, 2018 11:47

ДИК: Само 8% излезност до 11 часот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Државната изборна комисија излезе со вондредна прес конференција, надвор од трите стандардни и ја соопшти излезеноста до 11 часот.

Излезноста до 11 часот според податоците на Државната изборна комисија изнесува 8.03 проценти од запишаните гласачи во Избирачкиот список.

Портпаролот на ДИК, Љупка Гугучевска на втората прес конференција истакна дека овие податоци се добиени до 92.06 проценти од избирачките места.

Таа посочи дека референдумското гласање тече мирно и без неправилности и ја најави стандардната прес конференција за 13:30 часот кога ќе се објави излезеноста заклучно со 13 часот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Референдум

Во одредени избирачки места се гласало на секои 9 до рекордните 5.4 секунди во Центар Жупа, со што во последните 30 минути од референдумот се уфрлени над 50.000 ливчиња

Во Центар Жупа рекордно се “гласало” на секои 5 секунди

Обвинувањата од страна на ВМРО – ДПМНЕ и Светскиот Македонски Конгрес, кои сметаат...

Министерството за надворешни работи на Грција со изјава во која стои дека и самите се збунети што се случи во Македонија и дека коментарите се контрадикторни со реалноста

Грција е збунета кој што слави во Македонија

Голем дел од општеството го поддржа договорот, друг дел го гледа со скептицизам, но...

По "далеку од здрав разум" изјавите на Заев и Ахмети, се јави и нивниот ментор, Јоханес Хан кој честита пропаднат референдум

Хан им честита на малцинството граѓани кои гласаа на пропаднатиот референдум

Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан смета дека гласовите “за“ на референдумот...