Димитров соопшти дека власта ќе го прогласи референдумот за успешен без разлика на цензусот а се налути што Иванов го почитува Уставот на Македонија но не и Северна

Објавил: Мирко Бачиќ | 25 септември, 2018 7:56

Димитров му се скара на Иванов што го почитува Уставот

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Никола Димитров ја критикуваше изјавата од претседателот Иванов дека нема да излезе на референдумот за Договорот од Преспа за преименување на Македонија во Северна.

“Да се каже дека не се гласа е срамно бегство од одговорност и тоа не се кажува од Македонија, туку се кажува од преку океанот. Јас имам, пред сe, како граѓанин, голем проблем со тоа, бидејќи само тие што ќе гласаат, ќе учествуваат во одлуката за нашата иднина.

Не можете да седите дома, а да влијаете врз одлуката. Ако има еден глас повеќе “Нe”, “Против”, јас сум против членството во НАТО и ЕУ, прифаќајќи го договорот со Грција, ние ќе се поклониме и ќе кажеме: “Оваа работа не поминува”.

Меѓутоа, само тие што гласаат можат да влијаат врз таа одлука. Ако големо мнозинство од граѓаните кажат “Дa”, дури и да нема цензус, тоа ќе биде земено предвид, меѓутоа ситуацијата ќе се врати во Собранието на Република Македонија. Затоа, да не се учествува со свој глас во ваква крупна одлука е бегство од одговорност.” – рече Димитров.

Според Димитров, референдумот е најдемократското нешто во демократијата, потсети дека Македонија во спорот со грција загуби 27 години и додаде дека само тие што учествуваат во донесувањето на одлуките решаваат за иднината на земјата.

“Позицијата на претседателот на државата е првата најодговорна позиција во нашата земја според протоколот и Уставот. Негова должност е на граѓаните да им го покаже патот.” – додаде Димитров.

Министерот Димитров, намерно или не, манифестираше селективна меморија, затоа што Претседателот Иванов е претседател на Република Македонија а не Северна па технички би било политичко самоубиство да гласа за промена на идентитетот на државноста која по Устав ја претставува со својата функција.

Воедно Иванов јасно го покажа патот на граѓаните на Република Македонија. 

Светло нема во тунелот по кој чекори Димитров, затоа што јавно соопшти дека без разлика на процентуалната излезеност, конечна одлука ќе донесе Собранието, додека успешен референдум ќе прогласи без разлика на цензусот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.