По 8ми февруари, кога беа распишани претседателски избори, вработувања во државни фирми и институции е строго противзаконско, бидејќи тоа може да укажува на корупција во политиката.

Објавил: Рејхан Бајрами | 21 март, 2019 23:05

Директорот на водостопанство Селами: „Мораме под итно да вработиме 116 лица пред избори„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Водостопанство ќе вработува 116 нови лица за плата од 12.500 до 24.000 денари. Во предизборен период законот налага да се замрзнат вработувања во администрација и државните фирми.

Директорот на Водостопанство Илми Селами, изјави дека се работи за итни и неодложни вработувања, кои веднаш мора да се спроведат.
Тој рече дека се потребни му се работници кои ќе ги чистат каналите за наводнување.

Од Агенцијата изјавуваат дека ангажманот бил согласно Изборниот законик, кој дозволува вработувања во случај на итни работи. За министерот за информатичко општество, Манчевски ова е прекршување на закон.

“Ова е прекршување на закон, јасно е, не смее да се вработува после 8ми февруари, така што нема тука никаква дилема и дискусија за таа работа. Во јавноста се слушна дека во Агенцијата за аудио и аудиовизуелни услуги сè уште се вработуваат луѓе иако е тоа забрането. Така што ние, како што веќе рековме, ќе ги почитуваме сите оние препораки и одлуки кои што ќе ги донесе Антикорупциската комисија”, изјави Дамјан Манчевски, министер за информатичко општество и администрација.

Илми Селами, поранешен претседател на антикорупциска, советник во Министерство за одбрана, воен аташе во Брисел и се тоа во време на „режимот на Никола Груевски“ од пред неполна година директор на „Водостопанство“ АД. Кадар на ДУИ кој знае како да се бори со корупција, искусен во воени прашања и воена дипломатија, а сега и менаџер за водните ресурси на Република Македонија ќе се вози со нов „Талисман“ на оперативен лизинг за 50.000 евра.

Кој е Илми Селами?

Луѓето го памтат Селами како перјаница на ДУИ во власта на ВМРО-ДПМНЕ. Во 2010 година тој како претседател на антикорупциската комисија, кој крена многу галама за да промени високи државни функционери кои имаат директорски и советнички места во државата.

Тогаш беа променети само Владимир Здравев од МЕПСО и Бавчовановски од ПУИК.

Во 2015 година стана заменик-министер за одбрана, а пред една година тој беше избран за главен извршен директор на „Водостопанство“ – фирмата која оперира со воденото големо богатство на сите големи брани во Република Македонија. Селами по професија е дипломиран политиколог.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.