Договорот од Преспа е историска грешка од која долго ќе се опоравуваме, референдумот по Устав и Закон е и противуставен и противзаконски и некој за тоа мора да одговара

Објавил: Мартин Попоски | 5 октомври, 2018 7:12

Договорот со Грција е историска грешка, историјата ќе му суди на Заев и СДСМ

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Поранешниот македонски амбасадор во Велика Британија, Ристо Никовски, со констатација за референдумот и обидот за имплементирање на Договорот од Преспа.

Договорот е историска грешка на овој народ и на оваа власт која што го потпиша оваа власт и што сака по секоја цена да го наметне и еден ден ќе се соочи со судот на историјата и ќе ја плати таа цена. – вели Ристо Никовски, поранешен амбасадор во Велика Британија, во гостувањето во емисијата “Отворено” на телевизија Алфа.

Тој додаде дека Договор е неприфатлив за Македонија и нејзините граѓани, односно потенцираше дека целиот процес околу договорот бил направен на незаконски и силеџиски начин од страна на власта на СДСМ.

За вакво прашање според Уставот не може да има консултативен референдум, значи тоа е неуставно. Според законот за референдум за прашања од меѓународен договор може да се направи референдум само доколу се ратификува во Собрание, значи повторно незаконски. Така што целата таа процедура е направена силеџиски. – нагласи Никовски.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.