Воведувањето задолжителниот тест за влез во Грција, за сите, од грчката Влада го најавија кон средината на минатиот месец, како привремена и вонредна мерка за време на празниците, да се спречи ширењето на Омикрон, сојот кој сепак, веќе е доминантен во земјата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 9 јануари, 2022 11:52

До 24 јануари задолжителен негативен тест за влез во Грција

Фото/Текст извор: ©магазин

Одлуката за задолжителен негативен ПЦР или рапид тест за влез во Грција, и за вакцинираните и за невакцинираните и за оние кои прележале Ковид-19, воведена на 19 декември 2021 година, продолжена е за уште две седмици, до 24 јануари 2022 година.

Мерката важи за сите патници, меѓу кои и оние од Македонија, јави дописничката на МИА од Атина.

Новата министерска одлука веќе е објавена во Службен весник на Грција, стапува во сила утре наутро, а предвидува задолжителен негативен резултат од ПЦР тест направен 72 часа пред патувањето или рапид тест 24 часа пред пристигнувањето, заедно со пополнет PLF формулар.

Нема промени во однос на невакцинираните патници, кои освен тестот направен претходно, задолжително ќе бидат тестирани и при влезот во Грција, мерка што веќе извесен период се применува, а важи за патниците кои пристигнуваат од 16 конкретни земји, меѓу кои и Северна Македонија.

Воведувањето задолжителниот тест за влез во Грција, за сите, од грчката Влада го најавија кон средината на минатиот месец, како привремена и вонредна мерка за време на празниците,  да се спречи ширењето на Омикрон, сојот кој сепак, веќе е доминантен во земјата.

Првично, мерката беше до 10 јануари 2022 година, но со новата министерска одлука „Предуслови за влез во земјата за ограничување на ширењето на Ковид-19“, што веќе е објавена во Службен весник на Грција и стапува во сила во утре во шест часот наутро, конкретното правило ќе важи до 24 јануари 2022 година, а МИА детално ги пренесува сите предуслови за патување кај јужниот сосед.

Согласно одлуката „сите патници во Грција, без разлика на националноста и начинот на влез во земјата, без разлика на вакцинацијата или прележана болест, мора да бидат тестирани негативно“ со ПЦР во последните 72 часа пред нивното пристигнување во земјата или „алтернативно да се тестираат негативно со употреба на брз антиген тест во рок од 24 часа пред нивното пристигнување во Грција“.

Тестирањето треба да биде во одобрена од државата на потекло приватна или државна лабораторија, а потврдата да биде на грчки, англиски, француски, германски, италијански, шпански или руски јазик, а исто како и за сертификатот, треба да ги содржи и името и презимето на лицето кое патува, онака како што се заведени во пасошот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести