Авионот неколку пати кружел над Јадранското море, а на крајот, слетал на аеордормот, но со отворени врати, јавува Авиорадар.

Објавил: Весна Петровска | 7 јуни, 2019 12:31

Драма на небото: Авион на Туркиш ерлајнс слетал со отворени врати во Дубровник

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Драма на небото, утринава авион на Ербас А320-232 на авионската компанија Туркиш ерлајнс, кој летал од Истанбул со отворени врати слетал нна аеродромот во Дубровник.

Авион од Истанбул слета во Дубровник со отворени врати

Авионот неколку пати кружел над Јадранското море, а на крајот, слетал на аеордормот, но со отворени врати, јавува Авиорадар.

Пилотот пријавил дека има проблем со хидрауличниот систем на шасијата и бил принуден да слет со отворени врати.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, авионот слетал со отворени врати на предниот трап, а биле отворени вратите и на местата каде што се транспортира багажот.

Иако сите итни служби биле вклучени на готовност, авионот слетал безбедно околу 8 часот, без каква било интервенција.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.