Како што пишаа светските медиуми, 7-годишната Џесика од Велика Британија стана хероина откако ја спаси својата мајка, пружајќи и прва помош.

Објавил: Весна Петровска | 16 декември, 2019 16:27

Седумгодишно девојче ја спаси својата мајка која имала епилептичен напад: Еве како!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Верувале или не, седумгодишно девојче ја спаси својата мајка во Велика Британија.

Како што пишаа светските медиуми, 7-годишната Џесика од Велика Британија стана хероина откако ја спаси својата мајка, пружајќи и прва помош.

Во моментите кога се одвивала драмата, таа на својата мајка, која добила напад и паднала на земја и се доближила и, и истурила чаша вода на лицето за да се освести.

Потоа девојчето почнало со давање прва помош.

Кога се обидела да ја добие Итната помош, сфатила дека и треба отисок од прстот на мајката и некако успеала да го отклучи телефонот.

„Кога се освестив, ги видов лекарите околу себе и Џесика беше испаничена. Толку сум горда, таа е едно храбро девојче. Знам дека тоа беше стресно за неа, но успеа да ме спаси“, рече мајката.

Подоцна во болницата, откриено е дека мајката на Џесика, Беки има епилепсија.

„Ја прашав: ’Како знаеше што треба да направиш?’“ – раскажа Беки.

“Таа ми рече: ’Видов како некој тоа го направи на ЈуТјуб’. Уште не можам да верувам дека го направи тоа“, рече нејзината мајка.

Џесика доби награда за храброст од училиштето, и сака да стане лекари или медициснак сестра кога ќе порасне.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.