Управниот суд ја поништи одлуката на Антикорупциска комисија

Објавил: Узунов Бобан | 20 април, 2019 11:12

Управниот суд ја поништи одлуката на Антикорупциска Комисија за незаконската исплата на лозарите

Фото/Текст извор: ©магазин

Управниот суд со соопштените за јавноста информира дека ја поништил одлуката на Антикорупциската комисија која претходно утври дека дека исплатата на Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделството извршена во изборен период во висина од 1.250.000 евра на повеќе од 2000 лозари е незаконска. 

Според експертите кои ги консултиравме, Решението на Управниот суд донесено во очи на изборите може да се толкува како обид за “перење”на власта која беше цел на критики од опозицијата и јавноста за поткуп на гласачи во предизборниот период. 

Одлуката на Антокорупциска се темелеше дека исплатата на повеќе од милион евра не е за субвенции и редовни исплати, туку за исплата на долг на приватни фирми и посочи дека ќе отвори постапка за утврдување на одговорност до надлежните институции, затоа што Агенцијата исплатила буџетски пари, а до комисијата не поднела образложение зошто тоа било направено откако биле распишани претседателските избори.  

Во прилог соопштението на Управниот суд во целост:

УПРАВНИОТ СУД во совет составен од судиите: Драгослав Радичевски – претседател на советот, Лулзим Салиу и Дрита Мемети – членови на советот, со записничар Љубица Стојковска Перковска – виш судски соработник, одлучувајќи по тужбата на тужителот  Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, против Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, за спречување на корупција и судир на интереси, на седницата на советот одржана на 19.04.2019 година, согласно член 36 став 2 од Законот за управни спорови, донесе пресуда Урп.бр.21/2019 со која

Тужбата на тужителот Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, СЕ УВАЖУВА.

Одлуката на Државна комисија за спречување на корупцијата број 12-2408/7 од 17.04.2019 година, СЕ ПОНИШТУВА.

Донесеното решение во целост ќе биде објавено најдоцна наредниот ден од денот на објавување на ова соопштение.

Директор на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој е Николче Бабовски кој стапил на функција на ден 02.08.2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести