Улична крвава тепачка пред ресторан во Ресен

Објавил: Узунов Бобан | 24 февруари, 2019 13:48

ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО од тепачката во Ресен: Еден маж избоден со нож !

Фото/Текст извор: ©магазин

Двајца мажи се сериозно повредени по крвава тепачка пред ресторан во Ресен, соопшти МВР. Според информациите, тепачката настанала меѓу четири лица, односно помеѓу Б.О.(21), Л.А.(46), Т.Р.(33), од една страна и Р.Д.(51), од друга страна, сите од Република Албанија, кои работеле во Ресен.

Според пријавата, во еден момент тие излегле надвор пред објектот, каде Р.Д. на Л.А. со нож му нанел убодни рани, а на Т.Р. расекотина. 

На лицата им била укажана медицинска помош во болницата во Битола, а потоа Б.О., Т.Р. и Р.Д. биле приведени и задржани во Полициската станица Ресен, а Л.А. бил задржан на лекување. Од полицијата велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Тепачка во Ресен from MACEDONIAN MAGAZIN on Vimeo.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.