Премиерот Заев на настанот, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, посака бериќетна берба и да им донесе радости и задоволство од вложениот труд на овоштарите во текот на целата година!

Објавил: admin@magazin | 28 септември, 2021 4:51

Заев на „Преспански Јаболкобер 2021”: Ние знаеме да го цениме и вреднуваме трудот на овоштарите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Претседателот на Владата Зоран Заев вчера во Ресен го означи стартот на манифестацијата „Преспански Јаболкобер 2021” со што започна годинешната  берба на јаболката во Преспа.

Премиерот Заев на настанот, заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа и градоначалникот на Општина Ресен Живко Гошаревски, посака бериќетна берба и да им донесе радости и задоволство од вложениот труд на овоштарите во текот на целата година.

Владата и Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство ги креираат сите неопходни политики за поддршка на земјоделството, па така и за стимулирање и развој на овоштарството. Тоа го правиме во континуитет во двата мандати на оваа Влада. Во 2018 година, за 20 отсто ги зголемивме субвенциите за одржување на овошни насади за земјоделците со развоен капацитет, а субвенцијата за предадени јаболка се зголеми од 2 на 3 денари по килограм“, истакна премиерот Заев во изјавата за медиумите.
 
Тој потсети дека уште во 2019 година субвенцијата за одржување на насади е повторно зголемена и тоа од 33.000 денари на 41.000 денари по хектар, а дополнително, кај оние овоштари кои имаат од 1 до 5 хектари поддршката порасна од 39.600 на 50.000 денари по хектар, а за овоштарите кои имаат насади во подрачја со ограничени можности во области над 700 метри надморска височина, субвенциите се зголемени за дополнителни 15%, односно поддршката изнесува  57.500 денари по хектар.
 
„Оваа Влада нема да ги остави земјоделците и овоштарите и секогаш ќе биде во дослух со нивните потреби и реални очекувања. Ние знаеме да го цениме и вреднуваме нивниот труд и придонес за нашата економија. Затоа носиме одлуки кои секогаш ќе бидат на страната на земјоделците и овоштарите“, потенцираше претседателот на Владата Заев. 

Премиерот посочи дека оваа година и покрај корона кризата и глобалната економска криза, државата ги исплати субвенциите за овоштарство во износ од околу 9,5 милиони евра, а реализацијата на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2021 година бележи висок степен на реализација од почетокот на годината.
 
„Оваа година, стартуваше проектот со Светска Банка – Проектот за модернизација на земјоделството, кој е со вкупна вредност од 46 милиони евра и содржи огромна развојна компонента за земјоделството, со сериозен позитивен импакт врз вкупната домашна економија“, нагласи премиерот Заев.
 
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа истакна дека Министерството и Владата континуирано го поддржуваат овоштарството, и како една од мерките, покрај зголемените субвенции, се и картичките за зелена нафта.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Земјоделие

Првиот нацрт-предлог на овој модел содржи раздвојување на плаќањата кои не се поврзани со производството и плаќањата поврзани со производството.

Николовски: Нè очекува тешка зима – ќе се промени новиот модел за субвенции во земјоделството

Нè очекува тешка зима, а следните 2 години ќе бидат уште потешки во однос на обезбедување...

Мемет Синани целиот живот се занимава со земјоделство. Како најстар син во семејството, по смртта на неговиот татко, започнал да го работи семејниот имот во тетовско Камењане. Сади пченка и пченица, но и помали количини грав. Грав би садел и повеќе, ама не можел да најде аргати за берба.

Во земјоделска држава ќе нема кој да ги работи нивите

Македонија произведува многу помалку храна од она што и е потребно. Лошите политики...

„Оваа година можно е да има помали приноси доколку не бидат довлно прихранети посевите. Ако природата не сака тогаш може да се дојде до количините на кои се надеваме, но реално е, без ѓубрива, приносите да бидат намалени“ - велат од Асоцијацијата на земјоделци.

ЗЕМЈОДЕЛЦИ: ТРОШОЦИТЕ ВО ОДНОС НА ЛАНИ СЕ ЗГОЛЕМЕНИ ЗА 80 ПРОЦЕНТИ

Славе Петров од Кочани почна со подготовка на нивите за сеидба. Тој наместо со трактор...

Имајќи ја во предвид инвазијата на Русија во Украина и реперкусиите кои што оваа ситуација ги има не само на европските, туку и на светските пазари можам да кажам дека сега живееме во една од најголемите светски економски кризи.

Забранет е извоз на пченката, брашното и маслото

За одлуката за ограничување на извозот на одделни стоки за заштита на домашниот пазар...