Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, умерен во својот говор пред ОН, побара реформи во Советот за безбедност каде не може веќе само 5 земји да се неприкосновени

Објавил: Мартин Попоски | 26 септември, 2018 7:27

Ердоган: Советот за безбедност на ООН треба да се прошири

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Турскиот претседател, Реџеп Тајип Ердоган, повика на реформа на Советот за безбедност во говорот пред Генералното собрание на ОН.

Според него, ОН постигна непобитни успеси за 73 години, но се оддалечува од исполнувањето на очекувањата на човештвото за мир и просперитет.

Турција станува глас на светот, бидејќи светот е поголем од пет. – нагласи Ердоган, мислејќи на петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, кои имаат право вето.

Тој побара да се прошири составот на Советот за безбедност.

Воедно Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека неговата земја нема да остане нема додека санкциите се користат како оружје поради жестокиот спор меѓу Турција и САД околу судбината на американскиот пастор.

САД бара да се ослободи евангелистичкиот пастор, додека Турција го обвинува за тероризам, за што може да добие 35 години затвор. Никој не може да молчи пред арбитражното укинување на трговскиот договор и употребата на санкции како оружје. – рече Ердоган во обраќањето на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Трамп минатиот месец одобри воведување двојно повисоки царини на алуминиум и челик од Турција , додека како реципроцитет Анкара возврати со двојно повисоки царини за американските автомобили, алкохол и цигари.

Некои земји упорно се обидуваат да создадат хаос. Ние се залагаме за решавање на проблемите преку дијалог врз рамноправни основи. –  рече Ердоган.

САД и Турција се во кавга и поради Сириј , каде Вашингтон ги помага Курдите, кои пак Анкара ги смета за терористи.

Оние кои поради своите тактички интереси донесуваат помош на терористите во десетици илјади камиони и илјадници транспортни авиони полни со оружје во иднина веројатно ќе осетат жалење. – се закани Ердоган.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести