Вкупниот буџет на ЕУ за надворешни работи и меѓународна соработка од 2021 до 2027 година, ќе изнесува 123 милијарди евра

Објавил: admin@magazin | 25 јуни, 2018 16:45

ЕУ го зголемува буџетот за Западен Балкан

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Европската унија ќе го зголеми својот буџет за Западен Балкан, но висината на средствата сеуште не е позната, објави Европската комисија.

Вкупниот буџет на ЕУ за надворешни работи и меѓународна соработка од 2021 до 2027 година, ќе изнесува 123 милијарди евра, а дел од тие средства ќе бидат наменети за мигрантите кои ја користат балканската рута.

Повеќе информации ќе има кога ќе се усвои буџетот и кога ќе се знае конкретната намена на тие средства.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.