Бруто домашниот производ на Европската унија падна за 11,7% на сезонски прилагодената основа во второто тримесечје од 2020-та година. Периодот сепак беше обележан со мерки за ограничување за спречување ширењето на ковид-19 во повеќето земји-членки, што го принуди голем дел од бизнис секторот на привремено затворање на вратите и значително намалување на целокупната активност.
Ова е најостриот пад на индикаторите од почетокот на 1995-та година, кога започна собирањето податоци.
Сите земји од еврозоната доживуваат пад на нивното економско производство, но во различен степен. Германија се спушти релативно лесно со минус 10,1 процент, како и Холандија со минус 8,5 проценти. Наспроти тоа, Италија објави пад од 12,4 проценти, Франција од 13,8% и Шпанија од дури 18,5 проценти. Повеќето експерти очекуваат враќање на растот во летниот квартал.
Рецесијата влијаеше и на пазарот на трудот. Бројот на вработени во еврозоната опадна за 2,8% во вториот квартал во однос на првиот квартал. Ова е исто така најостриот пад од 1995-та година. За ЕУ падот е 2,6% на квартална основа, исто така ова се најостри падови забележани од почетокот на статистиката во 1995-та година.
На годишна основа, вработеноста падна за 2,9% во еврозоната и за 2,7% во ЕУ во вториот квартал од 2020-та година.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.