На ЕУ и смета што Црна Гора "продава" државјанства на странски инвеститори кои не се од земјите на унијата а кои би вложиле над 450.000 евра во земјата

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 8:27

ЕУ ја предупредува Црна Гора да внимава кому дава државјанство

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Црна Гора ќе мора да се усогласи со европските строги норми и критериуми при давање државјанство на странски инвеститори за да спречи безбедносните ризици што ќе биде проценувано во текот на преговарачкиот процес порачаа од Европската комисија.

Владата на Црна Гора на 26-ти јули усвои програма за стекнување државјанство врз основа на вложување а планот е да почне да се применува од 1-ви октомври.

Владината програма за економско државјанство ќе биде како што е предвидено достапна најмногу за 2.000 апликанти од земји кои не припаѓаат на ЕУ и тоа во текот на ограничен период од три години.

Заинтересираните поединци ќе имаат опција да вложат 250.000 евра во некои од развојните проекти кои претходно ги одобрила владата во неразвиените подрачја на Црна Гора или 450.000 евра во развиените региони.

Владата, освен тоа ќе наплаќа надомест од 100.000 евра по поднесено барање. Надоместокот ќе биде насочен во посебен фонд за развој на неразвиените подрачја.

Од владата тврдат дека ова не е проект за продажба на пасоши и економско државјанство туку проект кој треба да обезбеди економски развој и да го забрза исполнувањето на економските критериуми кои се дел од европската агенда на Црна Гора.

Поради сугестија на ЕУ владата ја прекина програмата за економско државјанство во 2010 година.

Тогаш предлогот беше црногорското државјанство да чини 500.000 евра од кои добар дел требаше да оди во државната каса.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.