Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ починал на Инфективната клиника во Скопје.

Објавил: Македонка Димкин | 4 мај, 2020 9:58

ЖАЛНА ВЕСТ: Почина Драган Вучиќ

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Познатиот пејач, водител и телевизиско лице Драган Вучиќ починал на Инфективната клиника во Скопје.

Информацијата ја потврдуваат негови блиски како и наши извори од Институтот за јавно здравје кои тврдат дека причината за смртта се компликации од коронавирусот.

Композиторот Љупчо Мирковски на својот Фејсбук профил објави проштални зборови за својот пријател. ,,За жал, ја изгуби битката. Почивај во мир другарче мое”.

Мартин Вучиќ, синот на Драган Вучиќ, во кус телефонски разговор за Слободен печат ја потврдил информацијата.

Кој беше Драган Вучиќ?

Драган Вучиќ е роден во Скопје 1955 година. Зад себе остави бројни поп-хитови како што се „Свирете ја Зајди зајди“, „Ангели ме носат“ и „Кажи ѕвездо“. Во 90-тите беше пејач на поп-фолк-групата „Кода“. Тој ја компонираше песната „Make My Day“, избрана да ја претставува Македонија на Евровизија во 2005 година. Актуелно ja водеше емисијата која што ја гледаше цел Балкан „Гурмански Муабети„

 

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од InMemoriam