По кој знае кој пат, Зоран Заев, побара од Мицкоски да го соопшти ставот на ВМРО - ДПМНЕ за референдумот, и повика на поддршка за истиот

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 август, 2018 12:53

Заев во паника: Ако падне референдумот, завршуваме и ние!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Премиерот Зоран Заев  ја повика опозициската ВМРО – ДПМНЕ да се приклучи и да овозможи успешен референдум за, како што рече, успешна иднина на заедничката држава.

Потребно е единство, потенцира Заев, додавајќи дека може опозицијата и власта да се различни и да не се согласуваат по многу прашања, но оти во историски моменти сите треба да застанат заедно бидејќи државата нема друг алтернативен пат.

– Како премиер имам мандат до 2020 година. Ако референдумот падне и не успее ние веројатно завршуваме со политиките овде. Но, зошто би ни била потребата од владеење кога ни нема иднина државата. Оттука ги црпам ставовите за одговорноста на сите главни политички чинители политички во државата вклучително и ВМРО-ДПМНЕ дека мора да се застане во обезбедување просперитетна иднина на РМ, рече Заев на конференција „Македонија гледа напред: мигот е да се фати возот за ЕУ“.

Затоа јас, наваде Заев, можеби наивно, но верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе се вклучи во успешноста на референдумот, дека ќе изнајде начин,  и оти мора да изнајде начин.

– Не постои друг алтернативен пат за оваа наша заедничка земја и затоа нема да престанам да упатувам повици опозицијата да се вклучи во референдумот, рече Заев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.