Заев ќе има обраќање во рамки на пленарната сесија на шефови на влади

Објавил: admin@magazin | 7 јули, 2018 10:35

Заев на Самит на шефови на влади на Кина и 16 земји од ЦЕИ во Софија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Владина делегација предводена од премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа (16+1) во Софија, Бугарија.

Во состав на владината делегација се вицепремиерот за економски прашања и координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и министерот за економија, Крешник Бектеши.

Македонската владина делегација ќе присуствуваат на свеченото отворање на Бизнис Форумот, а потоа премиерот Заев ќе има обраќање во рамки на пленарната сесија на шефови на влади.

Во рамки на одржувањето на седмиот Самит на шефови на влади на процесот за соработка на НР Кина со земјите од Централна и Источна Европа, премиерот Заев и владината делегација ќе остварат официјална средба со кинеската владина делегација предводена од премиерот на НР Кина, Ли Кечијанг.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.