Македонија немала пракса толку детално да договара соработка во областа на културата со било која земја до сега

Објавил: Мартин Попоски | 15 август, 2018 14:07

Започнаа ли “анексите” на Договорот со Бугарија?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Бугарската Влада одобри нацрт Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Бугарија и Министерството за култура на Република Македонија за периодот 2018-2021 година соопшти бугарската владина прес-служба.

Културната соработка меѓу двете држави веќе е регулирана со Спогодбата меѓу владите на двете земји потпишана во Скопје на 15-ти мај 2000 година како и во духот на Договорот за пријателство – добрососедство и соработка меѓу Република Бугарија и Република Македонија од 14-ти февруари 2018 година.

Нацрт програмата ги зема предвид заемните интереси на двете земји и ги содржи сите неопходни текстови за развој на односите меѓу Бугарија и Македонија во областа на културата.

Предложената нацрт програма ги регулира можностите за соработка во областа на театарот – литературата – уметноста – преводот и објавувањето творби на писатели од другата земја – организирање изложби и музички фестивали – кино – музика – танц – заштита на авторски права.

Се прецизираат и ангажманите на двете земји за зачувување на културното наследство и соработката за спречување на незаконска трговија со културните вредности.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести