„Вчера почнавме да ги вакцинираме луѓето и за неколку саати беа потрошени вакцините. Побаруваќката беше голема, многу фирми ги заштитија своите вработени. Поголеми дози се даваа на поголеми фирми кои беа претходно пријавени и закажени со термин за вакцинација.“, рече Љуљиета Имери.

Објавил: Рејхан Бајрами | 11 ноември, 2020 18:31

За неколку часа потрошени 2.000 дози – вакцината за грип единствено штити од сезонскиот грип

Фото/Текст извор: ©тв21

Огромен е интересот кај граѓаните уште на првиот ден од почетокот на вакцинацијата против сезонски грип. Во Центарот за јавно здравје „Пролет“ за неколку часа беа потрошени првите 2.000 дози вакцини со приватно купување кои чинат 800 денари. Од таму велат дека се чекаат нови дози кои треба да пристигнат за две недели.

„Вчера почнавме да ги вакцинираме луѓето и за неколку саати беа потрошени вакцините. Побаруваќката беше голема, многу фирми ги заштитија своите вработени.

Поголеми дози се даваа на поголеми фирми кои беа претходно пријавени и закажени со термин за вакцинација.“, рече Љуљиета Имери.

Доктор Имери вели дека иако вакцината против сезонски грип не произведува антитела за корона вирусот, таа значително придонесува за зајакнување на имунитетот и му овозможува на организмот полесно да се бори против инфекцијата, што не значи дека заштитува од корона вирусот.

„Можеби има заблуда бидејќи имаме и пандемија и некој мислат дека оваа вакцина штити од други нешта но за жал да им објасниме дека вакцината за грип единствено штити од сезонскиот грип. Значи имунитетот треба да биде на високо ниво, и вацината тогаш ќе има заштита само од сезонскиот грип.“, рече Имери.

Повеќе на овој ЛИНК

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...