Потпретседателот на СДСМ и актуелен пратеник во Собранието на Македонија, Мухамед Зеќири со сочен одговор до "откревението" на Јордан Камчев дека "пак е со СДСМ"

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 септември, 2018 10:54

Зеќири до Камчев: Прво ќе си одговараш, после се друго

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По објавата на интервјуто на Јордан (Орце) Камчев дека ќе го поддржи претстојниот референдум за промена на името и негирање на Македонската нација, се огласи потпретседателот на СДСМ и пратеник, Мухамед Зеќири.

Зеќири во краткиот ФБ пост пропратен со фотографија која оди во контекст на изјавата на Орце Камчев дека се скарале со Сашо Мијалков, порачува дека најдобро што можи да прави сега Камчев е да молчи.

Зеќири нагласува дека сличните на него има да одговараат прво за сите злодела направени на Македонија и нејзините граѓани и дека од таа одговорност нема да избега.

ФБ постот на Мухамед Зеќири како реакција на изјавата на Јордан Камчев:

Орце Камчев и сличните на него е најдобро да молчат и да одговараат за сите злодела направени на Македонија и нејзините граѓани!!!

Можете што сакате да кажувате но од ОДГОВОРНОСТ нема да избегате!!!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести