Црн ден за Македонското независно судство

Објавил: Македонка Димкин | 21 мај, 2018 13:36

ЗОРАН ослободен од обвинението

Фото/Текст извор: ©PrintScreen

Судијата Дарко Тодоровски посочи дека Обвинителството неможеше да  докаже дека премиерот Зоран Заев во времето додека  бил градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев. Судијата не изнесе детаљи зошто неможеле да докажат кога целата јавност виде, дека Заев бара поткуп.

Претходно, Тодоровски го читаше обвинението, за кое кажа дека освен видео доказите од посбените истражни мерки, се слушале и телефонски разговори кои биле прибавени на истиот начин и потсети дека бил преслушан и сведокот Иван Николов.

Обвинителниот акт за овој предмет Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција го поднесе на 28 мај 2015 година.

Заев во случајот беше обвинет дека како градоначалник барал околу 160.000 евра од струмичкиот бизнисмен Иван Николов Сачевслиев за приватизација на градежно земјиште. Токму Николов беше и единствениот сведок во овој случај.

На минатото рочиште обвинителката побара измена на правната квалификација и наместо за примање поткуп, обвинетиот да биде осуден за барање поткуп за што казната е помала.

Заев во целиот судски процес изјавуваше дека случајот е монтиран со цел да го спречат во објавувањето на политичките бомби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.