Изборниот молк ќе трае до утре, до 19 часот, односно до затворање на избирачките места

Објавил: Македонка Димкин | 21 декември, 2019 11:28

Изборниот молк започна, кој ќе биде новиот председател на Хрватска?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин
Според досегашните Анкети се очекува во вториот круг битката да ја бијат Колинда и поранешниот премиер Зоран Милованович

Започна изборниот молк во Хрватска во пресрет на утрешните претседателски избори. Дури 3,85 милиони избирачи имаат право на глас  , а на изборите се кандидирани дури 11 канадидати.

Изборниот молк ќе трае до утре, до 19 часот, односно до затворање на избирачките места.

Речиси сите анкети како водечки тројца кандидати ги издвојуваат актуелната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ, поддржана од владејачката ХДЗ, Зоран Милановиќ, кандидат на СДП и независниот кандидат Мирослав Шкоро.

Хрватската радиотелевизија (ХРТ), според најновата анкета, објави дека во вториот круг ќе се натпреваруваат Грабар Китаровиќ и поранешниот хрватски премиер, Милановиќ.

Овие избори ќе го донесат  и петтиот председател на Хрватска.

Во 1990 година првиот претседател на Хрватска беше Фрањо Туѓман, потоа во 2000 година за нов претседател беше избран Стипе Месич, додека во 2010 година претседателскиот кабинет му припадна на Иво Јосипович. Актуелна председателка од 2015 година до денес е Колинда Грабар Китарович. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.