Талат Џафери ќе остане ново-стар претседател на законодавниот дом, а тоа завчера го потврдија и лидерите на СДСМ и на ДУИ!

Објавил: Владо Марин | 21 август, 2020 6:51

Изборот на претседател на Собранието се очекува денеска: Џафери ќе остане ново-стар претседател на законодавниот дом

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Вчерашната седница на Собранието на која требаше повторно да се избере Талат Џафери за претседател, се одложи и најверојатно ќе се одржи денеска!

Талат Џафери ќе остане ново-стар претседател на законодавниот дом, а тоа завчера го потврдија и лидерите на СДСМ и на ДУИ!

Завчера беше коалициски договор за парламентарно мнозинство, за распределба и состав и принципите на новата влада со четиригодишен мандат во интерес на граѓаните и на државата, објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети.

Али Ахмети на прес-конференцијата посочи дека со големо задоволство информира дека е постигнат договор помеѓу двете политички партии!

„Со задоволство сакам да ве информирам за договорот меѓу ДУИ и коалицијата ‘Можеме‘ предводена од СДМС. Оваа ситуација се случува токму во моментите кога се соочуваме со пандемија од ковид-19. Имајќи предвид дека граѓаните се приоритет, потребно е да се конституираат институциите на државата за да се обезбеди подобар живот на тие граѓани. Многу сум сигурен дека денешната наша одлука ќе биде поздравена од сите граѓани. Секако дека ќе биде поздравена и од нашите партнери во Меѓународната заедница кои ни помогнаа во нашиот пат кон ЕУ. Многу е значајно дека денешната коалиција е придонесе за добар тек на сите процеси на државата.

Убеден сум дека ќе направиме многу добра работа и убеден сум дека оваа коалиција која ја надградуваме за 4 години и ќе биде една од најуспешните. И на идната Влада и на коалицијата им посакувам многу успех. Она што го кажа Заев, тоа е договорено. Господ да ни е на помош“, рече Ахмети по средбата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести