Илинденското востание е дел од бугарското револуциенерно движење, се вели во соопштението од бугарскиот претседател

Објавил: admin@magazin | 3 август, 2018 15:32

Илинденското востание е бугарски обид за обединување на Македонија и Тракија кон Бугарија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Официјална Софија директна, востанието го кренале Бугари а целта била обединување на бугарскиот народ.

Илинденско – Преображенското востание е херојски и трагичен венец на бугарското револуционерно движење за слобода и национално обединување“, стои во честитката на претседателот на Бугарија Румен Радев објавена на неговата официјална страница на Фејсбук по повод одбележувањето на 115-годишнината од Илинденското востание.

„Со решителност и пожртвуваност, без надеж за помош од надвор, Бугарите од Македонија и Тракија се дигнаа во очајна, но достоинствена битка за правдина.

Востаницитего издигнаа великото кредо на нашата национална револуција „Слобода или смрт“. Во битката загинаа многумина, затоа што знаеја и прифатија дека нивниот сопствен живот е историска цена на слободата.

Ја почитуваме и нема да ја заборавиме нивната саможртва. Илинден нè потсетува дека слободата и историската вистина мора да се ценат и ревносно да се бранат“, пишува во пораката на Радев, која има две поенти: Илинденското востание е дел од бугарското револуциенерно движење, и дека тоа е за обединување на поделениот бугарски народ во Бугарија и Македонија.

Инаку, до лани, Бугарите не го празнуваа Илинденското востание, туку го одбележуваа Илинденско-Преображенското востание кон крајот на август кога востанието започнало во Одринско.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.