Како што објавија од порталот, патниците останале да чекаат на аеродромот бидејќи компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада

Објавил: Катерина Крстиќ | 12 јуни, 2019 11:05

Им преседна одморот: 150-те патници кои беа заглавени на скопскиот аеродром 8 часа, конечно ќе тргнат на одмор

Фото/Текст извор: ©ФОТО: ПРЕСИНГ ТВ магазин.мк

Одморот во Хургада им преседна, на повеќе од 150 македонски туристи, кои извисени на скопскиот аеродром останаа заглавени дури 8 часа чекајќи го авионот на компанијата „Онур ер“. Но сепак на крајот се исплатеше чекањето и патниците ќе го посетат Црвеното Море, со авионот кој во 10 часот и 40 минути конечно летна за Хургада, пренесува Пресинг ТВ.

Конечно турската компанија „Онур ер“ испрати авион со кој стотината македонски туристи кои беа заглавени на Скопскиот Аеродром од 02.00 часот по полноќ, во 10.40 летнаа за Хургада. 

Извисени патници чекаат авион за Хургада   ФОТО: Пресинг ТВ

Како што објавија од порталот, патниците останале да чекаат на аеродромот бидејќи компанијата „Онуе ер“ не долетала во Скопје за да ги превезе патниците до Хургада, кои изјавиле дека планираат да поднесат тужба против агнециите.

Според изјавите на патниците кои со часови чекале на аеродромот, првата група која требала да патува за Хургада, дошла околу во 02 часот по полноќ, времето кога авионот на компанијата „Онур ер“ требал да полета за Хургада. Но, авион од тогаш нема.

-Повеќе од 6 часа сме на аеродром. Неки се со деца. Смрзнати сме од климите. Најлошо е што компанијата со која треба да летаме „Онур ер“ ветила дека ќе испрати друг авион, од Анталија, но тој го нема на списокот за полетување – вели за Пресинг ТВ Гордана.

Еден патник од Битола,за Пресинг ТВ изјавил дека преку претставник на неговата агенција дознал дека авион ќе има, но после 10 часот, но и тоа не било сигурно.

-Ни дадоа по една вода и кафе, сендвичи имаше само за околу третина од патниците. Некои се со деца. Особено им е тешко на пушачите затоа што сме на терминал и не можеме да се движиме на други места, ниту да излеземе надвор. Во многу незавидна положба сме, вели патникот од Битола.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.